Цела Македонија ја зафати снежна покривка, а градоначалниците засукаа ракави и јавните комунални претпријатија веќе втор ден го расчистуваат снегот. Но, како што се наведува и граѓаните треба да се вклучат во расчистувањето, посебно приватниците кои имаат објекти како продавници, канцеларии и угостителски локали, и самите да допринесат така, што ќе го расчистат снегот пред објектите.
Закон за јавна чистота, во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите, пренесува Фокус.
Одредени се и глоби за правното лице доколку не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот во зимски услови на јавните површини. Станува збор за глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.
Во многу земји во светот, освен сопствениците, односно корисниците на јавни објекти, дури и граѓаните се должни да го расчистат снегот пред својот влез во зграда и да обезбедат безбедно движење.