Почитувани сограѓани,
Со задоволство ве информирам дека успешно е спроведена Јавната набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на улиците Питу Гули (225 метри) и Стипцарска (550 метри). Градежните активности ќе бидат започнати веднаш по создавањето на поволни временски услови за работа.
Станува збор за инвестиции кои трајно го решаваат и подобруваат пристапот на жителите до своите домови и придонесуваат кон развојот на Македонска Каменица како модерно и удобно место за живеење. Ве уверувам, дека инвестициите во локалната патна инфраструктура ќе ги продолжиме и во 2025 година, опфаќајќи ги сите рурални и приградски средини во нашата општина.
Сакам да истакнам, дека овие два проекти се реализираат преку средства добиени од Владата на Република Македонија. 10.423.416,00 денари за улицата Питу Гули и 4.606.018,00 денари за улицата во Ситновско маало. Упатувам благодарност до Владата, до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот за транспорт и врски, Златко Перински, за досегашната силна поддршка и за веќе најавените идни вложувања во нашата општина.
Со почит,
Димчо Атанасовски
Градоначалник на Општина Македонска Каменица