Министерот за надворешни работи инадворешна трговија, Тимчо Муцунски објави дека телефонски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев.
„Имаше прв пријателски телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му честитав на назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок.“, објави Муцунски на Икс.