11.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

„Бојкот на маркетите – реакција на граѓаните против покачените цени или нереална надеж во Хрватска?

Иницијативата ја покрена фејсбук групата „Ало, инспекторе“ и потоа беше поддржана од здруженија за заштита на потрошувачи, синдикати, политички партии како и од министерот за економија.

Освен во Хрватска, цените растат и во Македонија. Граѓаните кои денеска ги сретнавме непосредно по нивното пазарување, велат дека и во Македонија треба да се бојкотираат маркетите поради покачените цени, не не веруваат дека народот ќе се обедини за да биде успешен бојкотот.

Последната пресметка на ССМ покажа дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 391 денари, но претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов вели дека Сојузот не може да повика на бојкот. Сепак, вели, можат на виделина ќе ги извадат завршните сметки, за да се види како маркетите кај нас остваруваат енормни профити и дали се богатат на грбот на грѓаните.

Претседателката на организацијата на потрошувачи, Маријана Лончар, пак, предлага да се донесат долгорочни мерки кои ќе дадат резултат.

Концептот на Владата за борба со покачувањето на цените е со т.н. потрошувачки кошнички. Досега имаше две акции, септемвриска и новогодишна, а се планираат и за велигденските и рамазанските празници, но граѓаните и синдикатите сметаат дека не ги дава очеуваните резултати и потребна е промена на концептот.

поврзани објави

Последни објави