Еден од препознатливите симболи на Белград, хотелот „Југославија“ е урнат до темел, а како што претходно беше најавено, на тоа место ќе се гради луксузен деловен и станбен комплекс со два облакодери.
Градежна механизација е кај урнатините на хотелот „Југославија“, крши шут и го товари во камиони, јавува Н1.
Хотелот „Југославија“ беше продаден на аукција на 22 март минатата година по почетна цена од 3.176.997.271 динари, што е околу 27 милиони евра.
Купувач е МВ Инвестмент како единствен учесник на аукцијата, компанија во сопственост на Милениум Тим.
Првите багери почнаа да ја уриваат зградата на хотелот „Југославија“ во ноември 2024 година.
Уривањето на хотелот започна и покрај бројните протести на граѓаните кои се противеа на уривањето и нарушувањето на околината на границата меѓу Нов Белград и Земун.