Имав чест и задоволство да ја отворам манифестација „Спортист на годината“ на Македонска Каменица“ – силно значаен и преубав настан, посветен на одбележувањето на спортските успеси во нашата општина и да доделам неколку од признанијата за успесите на нашите спортисти, кои ја исполнуваат Македонска Каменица со горост и успешно ја афирмираат на национално и меѓународно ниво.
Во своето обраќање пред присутните сограѓани, спортисти и спортски работници, упатив искрена благодарност за добиеното признание на Општина Македонска Каменица за особен придонес, поддршка и вложувања во развојот на спортот. Признание кое не е само потврда за нашата досегашна работа, туку и мотив за континуирана поддршка и вложувања во спортот, со цел да создадеме подобри услови за сите генерации. Истакнав, дека како општина ќе продолжиме да инвестираме во спортската инфраструктура, да ги поддржуваме спортските клубови и нашите млади таленти.
Честитајќи им го успехот на сите наши спортисти, им посакав многу успех, нови победи и врвни достигнувања. Истакнав благодареност кон Здружението на граѓани „Багери“ и претседателот Звонко Прангов, за неговата иницијатива, посветеност и визија за создавање на манифестацијата „Спортист на годината“, со која започнуваме нова традиција во Македонска Каменица и го зацврстуваме значењето на спортот во нашиот град.