5.8 C
Skopje
Friday, January 31, 2025

КОНЕЧНО ЌЕ ЗАЖИВЕЕ МАКЕДОНСКО СЕЛО : Владата објави повик за закуп, ќе се издава на 15 години

Владата денеска објави оглас за изнајмување на комплексот „Македонско село“ во скопско Нерези. Комплексот ќе се издаде на идните закупци на 15 години, а јавното наддавање ќе се одржи на 14 февруари.

Според огласот, комплексот е поделен на 4 целини и за сите посебно ќе има јавно наддавање.

Првиот дел е за струшка куќа, македонски ан и велешка куќа, по почетна цена 91.575 денари. Вториот дел е за галичка куќа, реканска куќа и куќа од скопска црна гора за која почетната цена е 54.839 денари. За делчевска, кумановска и тетовска куќа заедно со делот за рецепција почетната цена е 44.529 денари, додека за прилепска, битолска, кратовска и беровска куќа почетната цена на наддавање е 49.868 денари.

Од владината служба за општи и заеднички работи очекуваат голем интерес, и покрај тоа што претходниот концесионер се откажа од објектот пред 6 години, поради „наводна“ нерентабилност.

поврзани објави

Последни објави