Продолжуваме со изградба на пристапни патеки до колективните станбени живеалишта во Македонска Каменица
Како градоначалник на Општина Македонска Каменица, останувам посветен на подобрување на инфраструктурата и условите за живот на нашите граѓани. Во таа насока, продолжуваме со реализација на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини, преку кој градиме нови пристапни пешачки патеки до дел од колективните живеалишта на улица Руенска, улица Рударска и улица Александар Македонски.
Овие проекти значат подобра пристапност, поголема безбедност и поквалитетен урбан простор за сите жители на нашата општина.
Продолжуваме со работа, чекор по чекор, за поубава, пофункционална и модерна Македонска Каменица!