Премиерот Христијан Мицкоски ја искористи паузата во Собранието за да присуствува на именденот и роденденот на својот син Антониј.
Тој на Фејсбук објави фотографии од црква, каде што заедно со своето семејство и свештеникот кршат погача во чест на светителот чие име го носи неговиот помал син.
„За именденот на постариот син Јован, не успеав да бидеме заедно. Бев во САД кога ја предводев државната делегација. Се поретко сме заедно, но на деновите кои ми значат правам се за неколку мига поминати заедно, па кога и тоа е на малата пауза за пратенички прашања. Среќен роденден и именден сине Антониј“, напиша премиерот на Фејсбук.