4.8 C
Skopje
Friday, January 31, 2025

Ѝ ИСПЛАТИЛЕ 395.000 ДЕНАРИ ЗА ЛАЖНИ ФАКТУРИ Струмичанка измамила службеник од Фондот за здравство

Струмичанка измамила службеник од Фондот за здравство на РС Македонија наведувајќи го да ѝ исплати околу 395.000 денари на сметка на правното лице чиј сопственик е, притоа приложувајќи му лажни фактури.

СВР Струмица информираше дека поднела кривична пријава против А.М.(40) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.

„Пријавената, сопственик на приватна здравствена установа, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2024, со поднесување лажни фактури го довела во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување на РС Македонија, по што овластеното лице на Подрачна служба Гевгелија извршило одобрување на поднесените лажни сметки за да биде извршена исплата на сметка на правното лице во износ од околу 359.000 денари по основ на поднесените фактури“, се вели во полицискиот билтен.

поврзани објави

Последни објави