Поглед.мк нема да објавува вознемирувачки снимки и оправдувања за обвинетиот Васил Јованов
Порталот Поглед.мк останува доследен на етичките принципи на новинарството и на одговорноста кон јавноста. Во врска со најавите дека адвокатот Сашо Дукоски ќе прикаже вознемирувачка видео снимка поврзана со трагичната смрт на Фросина Кулакова, сакаме да информираме дека Поглед.мк нема да објавува никакви видеа, ниту информации со цел оправдување на обвинетиот Васил Јованов.
Овој случај предизвика огромна вознемиреност во јавноста, а семејството на починатата јасно побара видеото да не се споделува и објавува. Ние ја почитуваме нивната болка и ставот дека правдата треба да биде во рацете на институциите, а не во медиумска манипулација со сензитивни содржини.
Потсетуваме дека ова не е прв случај во кој трагично се губи човечки живот на улиците. Наместо релативизирање на одговорноста, општеството мора да се фокусира на суштинските проблеми – безбедноста во сообраќајот, одговорноста на учесниците и доследната примена на законите.