-2.2 C
Skopje
Thursday, February 20, 2025

Бугарин олеснил Кумановка за 30.000 евра: Еве како ја измамил и како и ги зел парите

Измамите преку интернет и преку телефон не престануваат и покрај апелите на надлежните.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира за уште еден ваков настан за кој вели:

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

На 31.01.2025 во Куманово, пријавениот довел во заблуда 64-годишна жена дека нејзината ќерка усмртила дете-мигрант и за да ја ослободат, морала да плати одреден износ на пари, при што ја оштетил за 30.000 евра.

поврзани објави

Последни објави