21.8 C
Skopje
Wednesday, March 5, 2025

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Процедурата е тргната, во вторник на седница на Влада ќе помине

Процедурата за разрешување на Јавниот обвинител е тргната и нема сопирање. на редовна владина седница тоа ќе помине, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Задолжено е министерството за правда, министерот за правда да достави ја достави процедурата како ќе оди, задутре имаме редовна владина седница, тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема сопирање, изјави премиерот Мицкоски.

запрашан во однос на Судскиот совет, Мицкоски вели дека треба чекор по чекор да се оди.

-Чекор по чекор да одиме, само што слетавме пред 15 минути, да видиме што се случуваше. Да ме избрифираат соработниците. Следно е Судски совет, тие два процеси се паралелни, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави