0.8 C
Skopje
Wednesday, March 5, 2025

Инфраструктурна офанзива во Македонска Каменица: Продолжуваат подготвителните активности и бетонските работи за изградба на улицата Питу Гули

Продолжуваат подготвителните активности и бетонските работи за изградба на улицата Питу Гули во должина од 225 метри. Во моментов, се врши изградба на повеќе бетонски потпорни ѕидови, кои ќе обезбедат сигурност и зајакнување на основата за улицата.

Целта на овие активности е да имаме успешна и квалитетна реализација на проектот, кој ќе донесе побезбеден и поквалитетен пристап до домовите и решавање на еден повеќедецениски проблем на жителите од улица Питу Гули.

Исто така, со изградбата на улица Питу Гули, во голема мера ќе придонесеме во унапредувањето на урбаната инфраструктура во овој дел од градот, што е важен чекор кон подобрување на животот на овие наши сограѓани.

Продолжуваме да градиме модерна, урбана и развиена Македонска Каменица!

поврзани објави

Последни објави