Граѓаните на Скопје изразија негативни ставови за работата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, оценувајќи дека речиси ништо не им оставило впечаток од тоа што наводно се реализирало во изминативе години. Според нив, најважно е новиот градоначалник да не ја повтори нејзината работа.
Од друга страна, поранешниот градоначалник Коце Трајановски доби најмногу позитивни коментари, при што граѓаните го истакнаа како добар оперативец со искуство. „Од поновите политичари, на Коце му давам поддршка. Се покажа како добар оперативец, без разлика на годините, тој е искусен. Другиве, не ги ни знам“, вели еден од анкетираните граѓани.
Освен Трајановски, значителен број граѓани имаа позитивно мислење и за Златко Перински, потенцијален кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Некои сметаат дека кој било кандидат од оваа партија би бил подобар избор, но најмногу поддршка добија токму Трајановски и Перински.
„Гледате и сами како е, кој и да биде градоначалник, му порачувам да не работи како Арсовска. Најважното е тоа!“, заклучува еден скопјанец.
Дел од анкетата погледнете во продолжение: