12.8 C
Skopje
Monday, March 3, 2025

Перински: Продолжуваме со поддршката на сите општини, ниту едно населено место нема да биде заборавено!

‼️Продолжуваме со поддршката на сите општини, ниту едно населено место нема да биде заборавено!

ℹ️Денеска, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“, заедно со премиерот Христијан Мицкоски ја посетивме Општина Неготино и означивме почеток на реализација на два инфраструктурни проекти, одобрени од првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти со средства од државниот буџет.

💡🚧🛣️Во Урбан блок 5 ќе се изгради нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, ќе се постави улично осветлување, ќе се доизградат улиците, а на тротоарите на ул. „Маршал Тито“, на потегот од Либерта до полиција, ќе се постават нови бекатон коцки, ивичници, а просторот ќе се разубави со магнолии.

✅Несомнено, со овие два проекта, значително ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

➡️Со задоволство го посетивме и новоотворениот пазар во Неготино, проект целосно финансиран од Општината.

🤝Благодарност до градоначалникот Горан Стојанов за проактивнста и се надевам дека со истото темпо ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и ќе аплицира на тековниот втор јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти.

↗️Ова е доказ дека за Владата предводена од премиерот Мицкоски, не постојат заборавени места.
Рамномерниот развој за нас е императи и со него гарантираме економска и социјална стабилност на земјата, со што го зголемуваме и квалитетот на живот на сите граѓани.

#златкоперински
#кадештосрцетоедома🏠

поврзани објави

Последни објави