6.8 C
Skopje
Sunday, March 2, 2025

Мицкоски: „Сите што картелски ќе се здружуваат ќе одговараат пред законот, нема да дозволиме богатење на грбот на народот“

Сите оние што мислат дека картелски ќе се здружуваат ќе одговараат пред законот. Ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски за заклучоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата за поведување на прекршочни постапки за картелско здружување. Антимонополската управа откри дека четири ланци на маркети ВЕРО, Тинекс, КАМ, Рептил како и Сојузот на стопански комори склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.

Сите оние кои што мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот. Сите оние што мислат на грбот на народот ќе се богатат тоа ние како Влада нема да го дозволиме.“, рече Мицкоски.

Картелите се на други места, тука можеме да преудицираме што сакаме. Јас ви кажувам дека такво нешто не се случило, не е точно за никакво здружување, никакво договарање.“, изјави Дукоски.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата нема да даваат било какви информации се додека тече рокот во кој маркетите и комората можат да ги достават своите аргументи, по што ќе се донесе финална одлука дали ќе бидат казнети. Казните се бројат во милиони евра, односно 10 проценти од годишниот приход.

Од истите информации, направи текст од информативен карактер за news портал
Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе заклучоци за поведување на прекршочни постапки. Во документот од Комисијата стои дека маркетите и комората на почетокот на февруари во Комората одржале состанок на кој според заклучокот на Антимонополската комисија склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување. Комисијата смета дека Сојузот на стопански комори претставува учесник во евентуално забранетиот договор. Според заклучокот, лица од Комората ја лажеле Комисијата и криеле информации. Претседателот на Трговската комора, при ССК, Сашо Дукоски во емисијата Бизнис 21 ги отфрли овие тврдења како неточни. Вели ние работиме законски.

поврзани објави

Последни објави