11.8 C
Skopje
Saturday, March 1, 2025

Како Сорос интервенираше со долари од УСАИД во Албанија и против ВМРО-ДПМНЕ во Македонија?

Американскиот медиум „Townhall“ посвети текст на истрагата што администрацијата на Трамп ја спроведува во врска со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и начинот на кој се трошени парите на американските даночни обврзници низ годините.

Според овој медиум, истрагата покажала дека милијардерот Џорџ Сорос ги користел средствата на УСАИД за финансирање на невладините организации кои стоеле зад „Шарената револуција“ во Македонија во 2016 година, насочена против тогашниот премиер Никола Груевски.

Во написот исто така се наведува дека Сорос, под покровителство на УСАИД, учествувал во изработката на Стратешкиот документ за реформата во правосудството, кој, според американскиот медиум, имал цел да ѝ даде на социјалистичката влада во Албанија поголема контрола врз судството.

Исто така, се наведува дека истрагата открила дека Стејт департментот ѝ дозволил на организацијата „Отворено општество“ на Сорос директно да учествува во процесот на прераспределба на грантовите и начинот на кој се распределувале парите на американските даночни обврзници во Албанија.

Според истражувачите кои ги анализирале американските трошења, демократскиот мега-донатор Џорџ Сорос, кој е главен финансиер на институционалната левица во САД, ги користел средствата на УСАИД за финансирање на „шарените револуции“ на Балканот.

УСАИД им доделил милиони долари на групи поврзани со Сорос, кои наводно биле искористени за поттикнување на социјални немири на Балканскиот Полуостров, вклучително и за координирани напори за дестабилизација и конечно соборување на демократски избраната централно-десничарска влада на Македонија.

Македонија е претежно конзервативна земја со рамен данок од 10 проценти, еден од најниските во Европа, и десничарска владејачка партија (ВМРО-ДПМНЕ), чиј камп победи на парламентарните избори во 2024 година со убедливо мнозинство.

Со популација од само 1,8 милиони жители, оваа земја без излез на море се најде во центарот на миграциската криза во Европа што избувна во 2015 година. За да го спречи приливот на нелегални мигранти од Блискиот Исток и Африка, Македонија изгради бодликав граничен ѕид долж границата со Грција, по моделот на Унгарија. Сорос, кој е поборник за отворени граници и масовна миграција, во овој период го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за ставање на националната безбедност пред прифаќањето на странските државјани. „Нашиот план ја третира заштитата на бегалците како приоритет, а националните граници како пречка“, изјави тогаш Сорос.

Во 2016 година, УСАИД и додели околу 345.000 долари на Асоцијацијата на млади правници на Македонија, организација која добивала средства и од Сорос, за „заштита на човековите права на мигрантите и бегалците“. Според еден теренски тримесечен извештај, „омозможен со дарежливата поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Асоцијацијата на млади правници на Македонија обезбеди правна помош за повеќе од 450 мигранти во Македонија од почетокот на програмата“. Двегодишниот проект за заштита на човековите права на мигрантите и бегалците исто така вклучувал „вечери на раскажување“ и уметнички терапевтски работилници каде што мигрантите што нелегално престојувале во Македонија создавале ракотворби. Како дел од проектот, УСАИД го отвори „Хуманитарниот уметнички пазар“ за изложување на делата на нелегалните имигранти.

Тоа се над 600.000 долари кои УСАИД ѝ ги додели на Асоцијацијата на млади правници на Македонија за посебен проект од 2014 до 2017 година за заштита на човековите права.

Според документ кој го одбележува 25-годишното постоење на операциите на Сорос во Македонија, Асоцијацијата на млади правници на Македонија потпишала меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи за пристап до затворени институции, како што е прифатниот центар за странци кои „нелегално влегле“ во Македонија. За дополнително олеснување на движењето на мигрантите, Асоцијацијата на млади правници на Македонија вршела јавен притисок врз Македонски железници за укинување на трошоците за транспорт за бегалците.

Со помош на УСАИД, Сорос истовремено беше вклучен во Шарената револуција во Македонија во 2016 година, според истражувачот Мат Палумбо, автор на книгата „Човекот зад завесата: Внатре во тајната мрежа на Џорџ Сорос“.

Средствата од УСАИД се пренасочувале преку финансиски канали поврзани со Сорос и завршувале во мрежа на невладини организации (НВО) на терен, за кои се тврди дека делувале како „пешадија во служба на неговите политики“. Македонците го усвоија терминот „Соросоиди“ за да ги опишат неговите активисти на терен, на незадоволство на медиумите наклонети кон Сорос.

Една активистка по име Јасмина Голубовска, која била дел од една од овие Сорос-невладини (НВО), Легис, стана лице на Шарената револуција во Македонија откако со кармин го бакна штитот на полицаец за време на протестите. Откако беше претставена како „икона“ на „востанието“, Голубовска влезе во медиумскиот фокус и ги истакна „нејзините“ цели: да ја собориме владата и потоа „да започнеме од почеток“.
НВО организации како Легис беа пешадијата, а активистите поддржани од Сорос отворено ја прифаќаа својата улога, носејќи маички со натпис што ги означуваше како дел од „Соросовата армија“.

поврзани објави

Последни објави