Пилот кој беше откриен дека е под дејство на алкохол во авионот Боинг 737, а кој се подготвувал да полета со авионот од аеродромот во Калгари, е осуден на 7 години затвор.
37. годишниот Мирослав Гронич кој е од словачко потекло, се изјасни за виновен за случајот. Тој доби 219 дена, како и забрана за вршење на својата функција, една година по излегување од затвор. Ова го соопшти портпаролот на судот на канадската провинција Алберт.
Пилотот бил пронајден пијан малку пред 7 часот наутро на 31 декември во пилотската кабина, подготвен да вози авион. Авионот требал да лета до Канкун, Мексико, со 99 патници и петчлен екипаж. Екипажот навреме сепак забележал дека однесувањето на пилотот е чудно, а малку потоа тој заспал во пилотската кабина. Членовите на екипажот веднаш ги информирале властите и пилотот бил уапсен. Два часа по апсењето, нивото на алкохол во крвта му било три пати повисоко од дозволената во Канада горна граница (0,08%).