8.8 C
Skopje
Saturday, March 1, 2025

Гоцевски: ВМРО-ДПМНЕ има тим кој ќе донесе позитивни промени во Делчево

Лидерот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски, најави решенија за локалните проблеми и верува во победа на изборите

Во мојот комитет има тим кој е подготвен да го промени Делчево на подобро. Имаме докажани професионалци кои можат да застанат и како градоначалник и советници на Општина Делчево. Најважно е што во самиот комитет владее позитивна атмосфера, која ќе донесе промени за на Делчево да му се случат убави работи.

Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски се изрази на гостувањето на ТВ Стар каде што кажа дека е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од граѓаните на Делчево.

Имаме отворени денови за да ги нотираме проблемите на граѓаните, да ги слушнеме нивните предлози и како комитет да ги процесуираме сите важни работи до централната власт. Имаме сериозни инвестиции во здравствениот дом во Делчево, се подобруваат условите во агенцијата за вработување, во ФЗО, во ПИОМ, во култура, се намалија услугите на катастар. Имаме значително почитување на законите, граѓаните тоа го гледаат и знам дека ќе го препознаат на изборите и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе ја предводи општината со цел подобро место за живеење, рече Гоцевски.

поврзани објави

Последни објави