Денеска се одржа заедничка седница на владите на Македонија и Унгарија, каде што беа дискутирани и усогласени важни прашања од заеднички интерес. Претходно, ресорните министри од двете земји одржаа билатерални средби, на кои беа поставени темелите за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на партнерските односи. 🇲🇰🤝🇭🇺