„Кралевите” го прекршуваат „чентлменскиот договор” со градскиот ривал Атлетико Мадрид, Реал ја плаќа откупната клаузула во договорот на Тео Ернандез.
Двата клуба од Мадрид имаат вербален договор според кој нема да си купуваат играчи еден од друг, но според пишувањата на „Марка“, Реал и Флорентино Перез ќе го погазат дадениот збор. Весникот пренесува дека „кралевите“ ќе го ангажираат талентираниот лев бек Тео Ернандез.
Реал Мадрид нема намера да преговара со Атлетико Мадрид и директно ќе ја плати откупната клаузула вредна 24 милиони евра. Се говори дека 19-годишниот лев бек веќе се договорил со шампионот на Европа и ќе добие шестгодишен договор на „Сантијаго Бернабеу“.