Денеска одбележавме почеток на нова ера за Преспанскиот регион – ера на поголема поврзаност, раст и стабилност!
Започнаа градежните работи на царинската зграда со придружната инфраструктура кај новиот граничен премин Маркова нога – Герман во насока на модернизација и повторно отворање на оваа граница.
Старо новата гранична точка меѓу Македонија и Грција ќе се реализира благодарение на финансиската поддршка на Европската Унија преку ИПА проектите во рамки на ИПА 3 програмата.
Освен граничната инфраструктура, проектот ќе поддржи и изградбата на прекугранична пешачка патека, која ќе ги поврзе селата Брајчино и Агиос Германос и ќе помине низ некои од највпечатливите природни и културни знаменитости во регионот.
Оваа граница ќе донесе нови можности за граѓаните, ќе го зајакне туризмот, ќе го олесни протокот на луѓе и стоки и ќе го поттикне економскиот развој на целиот регион.
Благодарност до Европската Унија, УНДП, како и до сите институции и партнери кои ќе помогнат во неговата реализација.
Продолжуваме со нашата посветеност за подобрување на инфраструктурата, регионалната соработка и економските перспективи за нашите граѓани и државата.