Интегрален текст од дописот на Ванчо Цонев, сопственик на ММЦ Прогрес, Делчево:
……………………………..
,,Во однос на Hеодамнешните пресконференции кои можеше да ги слушне јавноста. Го слушам наставникот Горан Трајковски, кој е во улога на градоначалник на Делчево, ни крив ни должен втор мандат, како ја соопштува вистината на граѓаните на нашиот град. Го слушам и се прашувам дали наставникот како педагог во училиште го имал истиот речник со учениците и колегите? Би било добро да не било така. Го слушам како ги набројува неговите дела што ги има направено во градот, конкретно за противпожарната единица. Како граѓанин, но и како стопанственик, го прашувам наставникот во улога на градоначалник, со кои пари ги сервисира платите на вработените? Со кои пари се набавени средствата на единицата? Или ако се донации, сигурно не се негови лични, туку на добронамерни луѓе и фирми кои имаат цел да помогнат на градот.
Дали може да каже „градоначалникот” колку даноци има платено на државата преку негов сопствен бизнис? Дали воопшто има период кога со сопствен бизнис обезбедувал лична егзистенција? Ако има такви примери, тогаш сигурно многу работи ќе му бидат појасни.
Сигурен сум дека е личност на која многу работи не и се јасни, а и сигурен сум дека кога во периодот кога ни крив ни должен ја практикуваше улогата на градоначалник направи во градот поделба кај народот наместо да го зближува и создава услови за соживот, а за амбиентот во партијата (во кој очигледно немало критериуми кога бил назначуван за кандидат за градоначалник) нема потреба да коментирам.
Резултатите од изборите кажуваат доволно, а и самиот амбиент во градот. Партијата пак, уште долго време не ја плаќа цената на таквата организација. А за резултатите од неговиот градоначалнички период, за дел од неговите потфати” сигурно ќе се дискутира во наредниот период
Сега да кажам кој пишува.
Компанијата ММЦ Прогрес, каде сум сопственик, 2024 година има реализирано цирка 2.000.000 ЕУР девизен прилив во Делчево. Има платено повеќе од 210.000 евра обврски кон државата во 2024 година.
Проекцијата за оваа година е исто така позитивна. Дали се има запрашано некогаш наставникот во улога на градоначалник, да се консултира со фирмите и луѓето кои плаќаат даноци за да тие исти луѓе имаат увид како се трошат нивните пари. Тие што прават пари и плаќаат даноци сигурно имаат капацитет и да дадат сугестија како да се трошат парите на граѓаните.
Слушам критики затоа што ВМРО ДПМНЕ даваат ветувања за поголеми плати на работниците, но што е тоа поразлично од ветувањата на сите други големи политички партии? Јас би му предложил, кога ќе му заврши мандатот, да направи фирма во која ќе вработи работници и да биде пример во Делчево за успешен стопанственик. Дури тогаш ќе има право и капацитет да коментира, а сега каков градоначалник или менаџер на општината е може да се заклучи по состојбата на јавните претпријатија под негова контрола, како и задолженоста на општината (сликата што ја дава буџетот на општина Делчево). Ако така работи и во негова фирма, тогаш подобро да не ја ни отвара.
И на крај, сигурно не само Трајковски има влијание на сегашната состојба во нашиот град. Мислам и убеден сум оти дел од неговата најблиска екипа и тоа како има влијание врз сегашната севкупна состојба во градот. Би требало да има ревизија на работењето и на тие негови најблиски соработници, се вели во дописот на Цонев.
………..
Освен дописот Цонев достави и негово писмо од 2016 година до тогашниот генерален секретар на СДСМ, во кое, како што вели, уште тогаш дал свои забелешки за кадровските политики на локално ниво.
……………………………..
До
Љупчо Николовски
Генерален секретар на СДСМ
Г. Николовски,
Сметам дека луѓето што ја менаџираат партијата немаат најсоодветна (права) слика за состојбата на терен. Од тие причини чувствувам потреба на Вас како секретар на партијата, да дадам мој коментар за состојбите од мој аспект и врз база на коментари на докажани членови на СДСМ од регионот на истокот на државата и посебно од Делчево.
Сакам да дадам некои забелешки за однесувањето на поедини функционери на партијата во Делчево, бидејќи имам директно и конкретно залагање за позицијата што ја има сегашниот градоначалник на општина Делчево. Тоа залагање беше конкретно и кај Вас, меѓу другите.
Од тие причини имам лично незадоволство поради моја грешна проценка во тој момент. Меѓутоа проблемот генерално е во партијата во која за жал, ниту имало, ниту пак сега има систем кој почива на критериуми за градење стратегија, кадровска политика, итн
Личноста која е на позиција градоначалник не одговара на основните критериуми кои треба да ги поседува личност на таква позиција. Впрочем, да го видиме неговото СѴ?
Овде би ги споделил моите забелешки кон работењето на градоначалникот Трајковски а и кон одредени личности од првите луѓе во партијата во Делчево
Лоша кадровска селекција (во најдобар случај фамилијарна)
Нека се проверат квалитетот на најдобар број на вработените во институциите. Друго прашање е дали дел од тие вработувања се економски оправдани.
Несоодветна комуникација со голем број на докажани и квалитетни членови на партијата
Задача на градоначалник, пратеник и претседател на партија е да сплотува и разговара со членови и симпатизери на партијата, а не да создава раздор
Досега нема никаква иницијатива за разговор со носителите на приватниот сектор
Исто така, немам чувство дека се организираат разговори со искусни и квалитетни партиски членови……
Целото писмо на Цонев може да го прочитате во продолжение: