28.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Перински: Со инвестиција од 8.835.996 денари, преку првиот владин јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, решаваме суштински проблем во општина Ѓорче Петров

Ги слушаме потребите на граѓаните и реализираме проекти во нивен интерес!

Со инвестиција од 8.835.996 денари, преку првиот владин јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, решаваме суштински проблем во општина Ѓорче Петров.

Во тек е изградба на нова улица која ќе ги поврзе улиците „Социјалистичка Зора“ и „Сремски фронт“ која ќе овозможи побрз и поефикасен пристап до главната улица „Ѓорче Петров“, која е клучна сообраќајна врска за излез од Скопје кон скопската обиколница, Тетово и други дестинации.

Градежните активности се одвиваат непречено, во тоа се уверивме заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски и градоначалникот Александар Стојкоски при денешната посета на Ѓорче Петров во рамки на „Каде што срцето е дома“.

Со овој проект, кој е еден од седумте кои Општината ќе ги реализира со средства од првиот владин јавен повик за поддршка на општините, ќе создадеме услови за полесна, побрза и побезбедна мобилност, како и за зголемена сообраќајна ефикасност за сите граѓани.

Чекор по чекор го решаваме сообраќајниот хаос во општините. Секој еден од нас ќе може полесно и побрзо да стигне до посакуваната дестинација.

Несомнено дека развиената инфраструктура води до подобар квалитет на живот и затоа сме фокусирани на основните потреби на граѓаните.

поврзани објави

         

Последни објави