Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ги замоли ужалените граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешните погреби, туку тоа да го направат отпосле.
Ангелов упати молба денес јавноста да ги остави ужалените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда и да им оддадат почит, пред да бидат положени во гроб.
Невозможно е, нехумано е, непотребно е сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба утеха од најблиските кои претходно ќе влезат со нив, додаде тој.