Можеше да се види излезот кај е, но има две бариери за излез. И на двата излеза се создаде блокада. За среќа кога почна чадењето, го бутнавме ѕидот кој е од блокови, и од таму група на луѓе излегоа. Еве и јас лично излегов од таму. При самото стампедо загинале повеќе лица, бидејќи имаше доста буткање Имаше прозори од вц-њата од каде што пробале многу луѓе да излезат. За жал имало шипки на самите прозори и не можеле да излезат. Овој трагичен настан не смее да помине неказнето. Сум бил во многу дискотеки. Јас сум уверен и сум бил во Скопје во дискотеки и со полоши услови од оваа. Имаше неколку девојчиња кои беа до видео-бимот кои почнаа да реагираа. Од нивната реакција бендот разбра дека се случува нешто, по што тие го викнаа газдата на локалот за да се излегува.
Во војната во 2001 ни загинаа 85 наши македонци, која траеше десет месеци. Во 1903 на Мечкин Камен загинале 45 лица. Дали е јавноста свесна за последиците на овој настан. Овој настан не може да ги вратиме жртвите, но ако не ги завршиме сите нус-појави, не ни се пишув арно. Доколку после овој настан нема масовна реакција во поглед на сите секојдневни проблеми, лошо ни се пишува. Секој си има име и презиме, одговорноста си има име и презиме. Да не беа тие лица од обезбедувањето бројката ќе беше неколкукратно поголема. Тие лица се паднати во бесознание и се извлечени од пожарникари, полицајци, но и од обебедувањето на дискотеката. Во 40 секунди целиот плафон на дискотеката гореше. Не знам дали се гаснело со погрешен апарат, но мое мислење е дека таа црна чад, многу наши сограѓани се онесвестија. Јас излегов ползејќи, а имав ставено маица за да се спасам, вели Венко Крстевски од Кочани.