Денот на пролета никогаш не бил потажен и потемен,за разлика од минатото и дочекот на пролета со детски џагор,насмеани и весели лица на учениците,вработените и родителите денес е многу тажно,тивко и болно…💔🖤
🌿Како училиште во чест на нашите прерано починати ученици,сограѓани,роднини и сл.во училишниот двор посадивме (59)педесет и девет дрвца 🌿за нашите ангели👼и херои!
🌿Секое дрвце е посадено со многу љубов и секое дрвце има свое име кое ќе одгледуваме со многу љубов и внимание🙏
🌿Ги замолуваме нашите сограѓани и минувачите покрај нашиот училишен двор да внимаваат и совесно се однесуваат кон нив!
💔Никогаш нема да ве заборавиме,секогаш ќе бидете врежани во нашите срца 💔💔💔