25.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Што ќе се случи со нафтата оваа година? Понудата би можела да ја „потопи” побарувачката

Глобалната понуда на нафта оваа година, поради растот на понудата кој го предводат Соединетите Американски Држави и послабата глобална побарувачка од очекуваната, би можела да ја надмине побарувачката за околу 600.000 барели дневно, соопшти Меѓународната агенција за енергија (IEA), пренесува Ројтерс.

Изгледите за обилни залихи, без оглед на американските санкции на големите извозници Русија и Иран, ја истакнуваат предизвикот за ОПЕК+ во балансирањето на пазарот.

„Соединетите Американски Држави моментално произведуваат на рекордно високо ниво и се очекува да бидат најголемиот извор на раст на понудата во 2025 година. Последната рунда санкции кон Русија и Иран се уште не ја нарушиле значително испораката, иако некои купувачи ја намалиле купувачката активност“, се наведува во месечниот извештај на IEA, која им дава совети на индустријализираните земји.

Минатиот месец, IEA предложи малку помал вишок од околу 500.000 барели дневно, според пресметките на Ројтерс базирани на податоците на агенцијата.

Очекувањата се дека светската побарувачка за нафта ќе порасне за 1,03 милиони барели дневно во 2025 година, соопшти IEA минатата недела, што е за 70.000 барели дневно помалку во однос на претходната прогноза, при што растот доаѓа од Азија, особено Кина.

„Азијските земји ќе сочинуваат речиси 60% од добивките, предводени од Кина, каде што ќе се обезбеди целокупниот раст како побарувачката за рафинирани горива ќе достигне плато. Потрошувачката на нафта за потребите на петрохемијата е главната причина за зголемување на побарувачката од времето на пандемијата“, навела IEA.

Извештајот нагласува пречките со кои се соочува ОПЕК+ оваа година, бидејќи растечките глобални трговски тензии би можеле да влијаат на побарувачката во контекст на силен раст на понудата.

„Макроекономските услови кои го поддржуваат нашето предвидување за побарувачката на нафта се влошија изминатиот месец, бидејќи трговските тензии ескалираа помеѓу САД и неколку други земји, што не натера да ги ревидириме нашите проценки за раст на побарувачката во четвртиот квартал на 2024 и првиот квартал на 2025 година“, соопшти IEA.

Од друга страна, во посебниот извештај ОПЕК го задржал својот став за растот на побарувачката на нафта во 2025 година, непроменет на 1,45 милиони барели дневно, и потврдил зголемување на производството на ОПЕК+ за 363.000 барели дневно во февруари, предводено од Казахстан.

IEA смета дека глобалниот раст на понудата во 2025 година ќе се удвои во однос на темпото на раст од 2024 година, на околу 1,5 милиони барели дневно, под претпоставка дека ОПЕК+ нема да ги задржи намалувањата на производството по април.

Скок на цените на нафтата и златото

Европските берзански индекси започнаа нова трговска недела со раст кој беше следен од скок на цените на нафтата и златото.

Трговските пазари очекуваат прелиминарни податоци за економската активност во секторите на производството и услугите во еврозоната, Германија, Франција и Велика Британија, кои ќе бидат изразени преку индексот PMI и ќе понудат увид во економската ситуација во Европа, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Индексот на Франкфуртската берза DAX денес во 9:15 часот порасна на 23.085,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.692,25 поени, францускиот CAC 40 на 8.107,52 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.187,92 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones пред денешното отворање на берзите во САД порасна на 41.985,35 поени, индексот S&P 500 на 5.667,56 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.784,05 поени.

Пад на цената на златото

Цената на златото достигна највисока вредност во историјата: 2.990 долари за унца.

Според актуелните податоци од берзите, цената на сурова нафта порасна на 68,440 долари, а цената на нафтата Brent на 72,308 долари.

Европските фјучерси на гас за април се на отворањето на берзата TTF продавале по цена од 42,625 евра за мегават-саат.

Цената на златото порасна на 3.024,45 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5459 долари за бушел (бушел изнесува 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на валютната берза Forex изнесува 1,08399, што е нешто повеќе отколку минатата недела.

поврзани објави

Последни објави