29.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Атанасовски: Горди сме што општина Македонска Каменица е прва во земјата со функционален систем за рано предупредување од елементарни непогоди

Денеска присуствував на значаен настан во Рудник САСА, каде директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и генералниот директор на рудникот, Кристофер Колбурн потпишаа документ за соработка во рамки на новиот систем за рано предупредување.

Пред присутните, имав можност да го поздравам поставувањето на овој систем, бидејќи неговата превентивна улога е од клучно значење за безбедноста на целокупната локална заедница. Горди сме што општина Македонска Каменица е прва во земјата со функционален систем за рано предупредување од елементарни непогоди. Заедно со противпожарната кула, која неодамна ја ставивме во функција, овој систем ќе овозможи рано откривање на потенцијалните ризици по безбедноста на луѓето и материјалните добра, што е пресудно за успешно справување со кризни ситуации.

Изразив голема благодарност до Рудникот САСА за поддршката и вложувањата во реализацијата на овие проекти, кои значително ја зголемуваат безбедноста во нашиот регион. Конкретно, системот за рано предупредување, вклучува звучни уреди на стратешки локации. Ќе функционира како дел од националниот систем за тревожење и ќе овозможи навремено известување за потенцијални опасности во Општина Македонска Каменица и нашиот регион.

поврзани објави

Последни објави