14.8 C
Skopje
Saturday, April 19, 2025

Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и членовите на македонската делегација што ја предводи состaвена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, Игор Јанушев – генерален секретар на Владата и Гоце Димовски – директор на Дирекцијата на ТИРЗ, денеска во Абу Даби имаа средба со Валид Ал Мокараб Ал Мухари – заменик извршен директор на „Мубадала“, инвестициска компанија од Обединетите Арапски Емирати.

На средбата, на која се разговараше за потенцијалната соработка, Николоски ги презентираше условите што ги нуди Македонија на странските инвеститори, како и потенцијалните можности за инвестиции во земјата, соопшти Министерството за транспорт.

Вицепремиерот Николоски истакна оваа средба е добра можност за отворање нови перспективи меѓу двете земји, потенцирајќи дека Македонија има одлична геоположба која на инвеститорите им нуди предност во регионот и директно поврзување со пазарите во Централна Европа.

На средбата, Николоски ги презентираше и инвестициските можности во делот на туризмот, инфраструктурата и земјоделието. Тој пред присутните го претстави планот за инфраструктурен развој на Република Македонија со посебен фокус на модернизација на транспортните коридори.

Исто така, на средбата се разменети и идеи за поддршка на претприемаштвото и приватниот сектор во делот на технологијата, иновациите, обновливите извори на енергија и други сектори.

„Мубадала” е инвестициска компанија со портфолио од 302 милијарди долари која работи на шест континенти во различни сектори.

Денешната средба е во рамки на владината официјална посета на Обединететите Арапски Емирати, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт.

поврзани објави

Последни објави