Почитувани сограѓани,
Со задоволство ве известувам, дека успешно ја спроведовме постапката за јавна набавка за изработка на проект за нова, современа административна општинска зграда во Македонска Каменица.
Овој чекор претставува значаен напредок кон реализацијата на нашата цел – Македонска Каменица да добие репрезентативен и современ објект. Новата административна зграда ќе биде симбол на модерна, ефикасна и транспарентна локална самоуправа, која секогаш е во служба на потребите на граѓаните.
Изработката на потребната техничка документација е доверена на компанијата „Студио Атриум“ ДООЕЛ од Штип, како најповолен апликант на јавниот повик. Вкупната вредност на договорот изнесува 3.216.090 денари со вклучен ДДВ. Оваа цена е утврдена во согласност со важечкиот тарифник на Комората на овластени архитекти и инженери на Република Северна Македонија.
Предвидениот рок за изработка на проектот е два месеци.
Со почит,
Ваш градоначалник
Димчо Атанасовски