20.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

Протест на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

И оваа сабота семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ излегоа на протестен марш. Со слики во рацете од своите најмили, во 12:05 часот маршот го започнаа од Паркот на револуцијата.

Поворката од стотици граѓани тивко чекореше низ трговскиот центар. Поминаа и покрај кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс“, каде што застанаа и со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите. Оттаму продолжија кон општинската зграда и полициската станица.

Протестниот марш, кој денеска се одржа по четврти пат, заврши пред зградата на судот и обвинителството во Кочани, од каде мајките побараа отчет за сработеното и неселективна правда.

Инаку, ова е четврта сабота по ред како во Кочани се организира протестен марш под слоганот „Задоцнета реакција“.

поврзани објави

     

Последни објави