20.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

Мицкоски: ОК на ВМРО-ДПМНЕ силно мотивирани за огромна победа на локалните избори

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори.

Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена.

Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

Истакнав дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите превземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.

Информирав дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на превземените ветувања пред граѓаните.

поврзани објави

     

Последни објави