15.8 C
Skopje
Monday, April 28, 2025

Држете се до Уставот и нема да згрешите: Сиљановска Давкова до судиите на Уставен за законот за јазиците

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова испрати порака до уставните судии. Таа ги повика да се држат до Уставот при одлучувањето за Законот за употреба на јазиците, истакнувајќи дека така нема да згрешат.

„Не сакам да влијаам врз Уставниот суд, но препорачувам: држете се до Уставот, бранете го и бидете храбри“, изјави Сиљановска Давкова. Таа нагласи дека судиите треба да ги имаат предвид и препораките на Венецијанската комисија.

Сиљановска Давкова истакна дека политичките влијанија мора да бидат исклучени од процесот на одлучување.

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за иницијативите за Законот за употреба на јазиците поради несреќата во Кочани. Новиот датум ќе биде дополнително утврден, а седницата ќе се пренесува во живо

поврзани објави

     

Последни објави