Филипче излезе пред протестантите, но беше исвиркан од семејствата на настраданите

157

Семејствата на настраданите од пожарот во Кочани го исвиркаа лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешниот протест. Филипче се појави пред Собранието заедно со пратеници од СДСМ за да се сретне со граѓаните кои претходно имаат средби со пратеници од Левица.

„Убијци, убијци“, можеше да се слушне при пристигнувањето на првиот човек на СДСМ и екс-министер за здравство пред законодавниот дом.

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите. Маршот започна пред зградата на Јавното обвинилтество. Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.

Семејствата имаа средбата со јавниот обвинител и тимот на обвинителит кои ја водат истрагата за пожарот. Демонстрантите продолжија пред законодавниот дом каде што имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратениците Борис Крмов и Јована Мојсоска, потоа и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Граѓаните се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде што имаат средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој ги увери дека се работи деноноќно на случајот и дека правда мора да има. Со ова заврши протестот.

Досега 70 лица се осомничени во случајот со трагедијата со пожарот во Кочани.

ЛИНКОТ ОД ВИДЕОТО – ТУКА