Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во својата најнова изјава пред јавноста испрати силна порака до родителите на трагично настраданите деца, ветувајќи дека „овој пат нема да се дозволи да бидат заборавени“ и дека институциите ќе ја донесат правдата до крај.
„Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат тоа. Овие деца заслужуваат правда. А таа може да ја има исклучиво институционално,“ изјави Тошковски.
Тој истакна дека истрагата сè уште е во тек и дека досега се осомничени 70 лица, меѓу кои и високи функционери од сегашната власт:
– актуелен министер,
– актуелен командир на полициска станица,
– актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),
– актуелен градоначалник, како и двајца негови претходници.
„Јас го разбирам вашиот гнев, но не можеме да замижеме пред фактите,“ додаде министерот.
Поради својата функција, Тошковски рече дека не може да открие повеќе детали во овој момент, за да не ја наруши истрагата, но најави дека за два месеци ќе може да зборува отворено.
„Ветувам, правда за овој случај ќе има! Само на тој начин ќе имаме нормална и правна држава,“ заклучи тој.