14.6 C
Skopje
Tuesday, May 20, 2025

МВР со полни раце работа за 1 МАЈ: Фатени 132 пијани возачи, а 114 без возачка дозвола

Редовните сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Уште 114 учесници во сообраќајот учествувале во сообраќај без возачка дозвола, информираат од МВР. Од таму додаваат и дека за време на редовните контроли биле регистрирани и 115 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност.

поврзани објави

     

Последни објави