Денес, на 5 Мај, го славиме македонскиот јазик, нашата нишка што не држи заедно низ вековите. Тоа е јазикот на борбата и пркосот, на љубовта и надежта. Со него сме го опишале светот, сме ги пренеле спомените, сме ги оживеале емоциите. Македонскиот јазик е повеќе од средство за комуникација, тој е наше огледало, наш печат, наше живо наследство.
Секоја изговорена македонска реч денес е глас на истрајноста. Да не заборавиме, јазикот не е само што го зборуваме, туку и како го чуваме. Нека биде наша обврска и наша чест да го негуваме, зашто тој не’ одржал, и ќе не’ води напред.
Среќен Ден на македонскиот јазик! Да зборуваме гласно, гордо и македонски.