14.6 C
Skopje
Tuesday, May 20, 2025

И ЗЕМАЛЕ 25.000 ЕВРА ЗА ДА НЕ ГО ТЕПААТ НЕЈЗИНИОТ БОЛЕН БРАТ! Малолетници рекетирале соученичка во Скопје

И ЗЕМАЛЕ 25.000 ЕВРА ЗА ДА НЕ ГО ТЕПААТ НЕЈЗИНИОТ БОЛЕН БРАТ! Малолетници рекетирале соученичка во Скопје

Во полицијата во Скопје било пријавено дека малолетна ученичка од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар била уценувана од двајца соученици, кои подолго време ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој има здравствени проблеми, доколку не им дава пари.

Како што информираше МВР, случајот бил пријавен во петокот во 00:30 часот во СВР Скопје од нејзиниот татко, 52-годишен жител на Скопје.

Според пријавата, поради страв за братот, девојчето во повеќе наврати им давало пари на соучениците, а вкупниот износ кој го одзела од дома достигнал 25.000 евра.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

     

Последни објави