8 C
Skopje
Saturday, May 17, 2025

БУМ: Стратешки договор на македонската Влада од 6 милијарди евра со Обединетото кралство

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Тирана за ДВ потврди дека е усогласен стратешки договор со Обединетото кралство од кој Македонија треба да добие инвестиции во вредност од 6 милијарди евра.

„Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство којшто ќе овозможи инвестициски циклус од 6 милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството итн.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски веднаш по завршувањето на средбата со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на Самитот кој се одржува во Тирана Албанија.

Мицкоски рече дека македонската јавност ќе ги дознае сите детали од договорот во наредните денови. Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство (ОК) е потпишан на ниво на влади, и тој, според Мицкоски „е привилегија“ бидејќи се работи за една од светските велесили.

Премиерот оцени дека постигнатата согласност за договор за стратегиско партнерство на ниво на влади е привилегија бидејќи, како што рече, земјава е можеби една од ретките која има ваков договор со владата на Обединетото Кралство
Договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области, најави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер на која, како што соопштија од Владата, била постигната согласност за договор за стратегиско партнерство меѓу С Македонија и Британија.

Според извори на ДВ, договорот со Обединетото кралство не опфаќа прифаќање баратели на азил од таа земја.

Стармер во четврокот од Тирана соопшти дека Велика Британија е во преговори со повеќе земји за создавање „центри за враќање“ на одбиени баратели на азил.
„Во тек се разговори со повеќе држави за воспоставување вакви центри за враќање“, рече Стармер. Според владини извори, договорот меѓу Македонија и ОК не содржи таква одредба.

поврзани објави

     

Последни објави