8 C
Skopje
Saturday, May 17, 2025

Владата на Обединетото Кралство го поздрави стратешкото партнерство со Македонија

Во соопштението се пренесува изјавата на премиерот Кир Стармер од средбата со претседателот на македонската Влада Христјан Мицкоски во Тирана, дека партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера за поблиска соработка на заедничките предизвици, вклучувајќи го економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста.

Лидерите, исто така, разговараа за неодамнешниот договор за приклучување на Северна Македонија кон Заедничката работна група за миграција, со што дополнително се зајакнува регионалната соработка за спречување на илегалните мигранти кои транзитираат низ Балканот и разбивање на криминалните банди што им помагаат. Во очекување на самитот на Западен Балкан во октомври, лидерите го поздравија зајакнувањето на пријателствата меѓу Велика Британија и регионот. Лидерите со нетрпение очекуваат повторно да разговараат наскоро“, стои во соопштението од британската Влада.

Постигнатата согласност за договор за стартешко партнерство го поздрави и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон.

„По клучната средба меѓу премиерот Кир Стармер и премиерот Христијан Мицкоски на денешниот самит на Европската политичка заедница во Тирана, со гордост ја споделувам објавата за новото стратешко партнерство – значајна надградба што ги зајакнува нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и ги продлабочува трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада-влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, напиша Лосон на фејсбук-профилот на Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

поврзани објави

     

Последни објави