25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Мицкоски: Жал ми е што градоначалникот на Делчево не дојде – проектите се за сите, не за партиите

При денешната посета на Делчево и увидот во државно финансираните проекти, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати порака за надпартиска соработка и заедничка работа за доброто на граѓаните, без оглед на политичката припадност на локалните власти.

„Многу е важно да се гради Македонија насекаде, без разлика дали градоначалник е од редовите на Владата или од редовите на опозицијата“, рече Мицкоски.

Тој изрази жалење што градоначалникот на Делчево не присуствуваше на настанот, истакнувајќи:
„Јас навистина жалам што денес градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога се прави нешто убаво, без разлика што сме од различни политички опции, треба да бидеме заедно бидејќи ова се проекти за делчевчани, а не за одредена политичка партија.“

Мицкоски изрази надеж дека ваквите ситуации нема да се повторуваат во други општини:
„Се надевам дека ова е само еден момент на слабост и дека во другите општини каде што има градоначалник од опозицијата, кога ќе појдеме да ги промовираме проектите за граѓаните, ќе имаме и градоначалници кои што се денес во опозиција.“

На крајот, тој им честиташе на граѓаните на Делчево за новите проекти и најави значителен раст на инвестициите:
„Им честитам на делчевчани за новите проекти, од прилика 6 до 8 пати повеќе ќе се реализира во делот на капитални инвестиции во Делчево и тоа е многу добро.“

поврзани објави

     

Последни објави