7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Никола Попоски на состанок на делегацијата на Европскиот парламент во Стразбур

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, ќе учествува на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-Европска Унија, што на 5. април 2017., ќе се одржи во Стразбур.

На состанокот, со кој ќе претседава словенечкиот европратеник Алојз Петерле, во присуство на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, и претставник од Европската комисија, се очекува да бидат разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес.

Планирано е, во Стразбур, министерот Попоски да оствари средби со Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, како и со неколку членови на Европскиот парламент.

поврзани објави

Последни објави