35.8 C
Skopje
Tuesday, July 1, 2025

Меџити: Со години, ДУИ се коцкаше со судбината на Албанците, Владата затвори 226 страници за нелегално онлајн коцкање

Во исполнување на едно од најјасните ветувања што ги дадовме пред граѓаните, Владата донесе одлука за блокирање на 173 интернет-страници за онлајн коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во нашата земја. Заедно со 53-те страници што беа блокирани минатиот месец, оваа бројка сега изнесува 226! Замислете: за помалку од два месеци затворивме 226 страници за нелегално онлајн коцкање – и оваа бројка не е конечна! Само замислете за еден миг колку длабоко и колку далеку има навлезено мафијата на коцкањето во нашите животи и каква штета има предизвикано кај поединци и семејства погодени од оваа епидемија, истакна денес Изет Меџити.

-226 – не е само бројка. Ова е директен удар врз една криминална мрежа која со години беше толерирана и заштитена од структури тесно поврзани со претходната власт. За жал, една политичка партија која денес се претставува како чувар на правата и достоинствениот живот на Албанците, беше главен спонзор на коцкањето и вклучувајќи се директно во оваа индустрија, ова политичка партија и го даде на коцкарската мафија потребниот политички штит за да расте и се развива без да ја загрози никој! Како последица, нашите населби беа преполнети со казина, а нашите телефони, таблети и компјутери станаа цел на напад од нелегалните платформи за игри на среќа. Тоа што ДУИ му го направи на албанското општество во Северна Македонија е тешка катастрофа – и за ова катастрофа одговорност ќе има! Само за една година, успеавме да го намалиме делувањето на игрите на среќа во земјата за 40%. Ова е голем чекор и јасен доказ за решителноста на ВЛЕН да не прави компромис со никого што го загрозува нашето општество, рече тој.

Меџити посочи: „Ако до вчера имавме казина покрај училиштата, покрај домовите, покрај животите на нашите деца – денес воспоставуваме ред, закон и достоинство. До вчера ДУИ градеше коцкарски империи врз сиромаштијата и очајот на Албанците“.

-Денес, ВЛЕН ги урива тие империи на криминалот и ја гради иднината. Сакам да ги повикувам сите граѓани, особено младите: Не станувајте жртви на измамнички мејлови, не си играјте веќе со вашата судбина на нелегални платформи. Ако имате депонирани средства на тие страници, повлечете ги што е можно поскоро. Државата дејствува и тие платформи нема повеќе да постојат. Со години, ДУИ се коцкаше со судбината на Албанците. Ја претвори сиромаштијата во бизнис, а очајот во глас. Тоа време заврши. ВЛЕН не е дел од стариот систем. ВЛЕН не зборува со празни зборови. ВЛЕН дејствува. Ова е битка за иднината, за нашите деца, за нашата младина, за нашите семејства. Казиното не е развој – тоа е уништување. Казиното не е напредок – тоа е рана. Казиното не е економија – тоа е криминал. Ние, како Влада, не сме сојузници на коцкањето, туку заштитници на албанските семејства. Не сме во служба на криминалните мрежи, туку во заштита на нашето општество и нашиот национален морал. Им ја сечеме пајажината на казино мафијата во која што сакаат да ги заробат нашите деца. Тие што градеа богатства на грбот на болката на нашите луѓе – денес ги изведуваме пред правдата. Ова е само првата фаза. Нашата борба нема да запре. Секоја нелегална обложувалница, секое казино, секоја страница што нуди игри на среќа на незаконски начин – ќе биде затворена. Ќе го искорениме овој систем, од корени гранки. Ова е промената што ја вети ВЛЕН. Ова е државата што нашите граѓани ја заслужуваат. Ова е почетокот на една нова ера, порача Меџити.

поврзани објави

     

Последни објави