12.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ФАРИШ – ДРЕНОВО: Ги градиме темелите на промените

Денес го пуштивме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра – проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење за Кавадарци, за Прилеп, за Битола, за Ресен.

Овие пари, како во минатото не завршија во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери, фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела. Граѓаните имаат очекувања. И ние нема да ги изневериме. Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се празни зборови. Тоа се патишта како овој, тоа се училиштата кои ги обновуваме, болниците што ги реконструираме. Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што ги отвораме.

И тоа е новото време – време на одговорност, време на изградба.
Доаѓа времето на Македонија!

поврзани објави

Последни објави