Во тек се градежните активности за реконструкција на водоводната линија од дренажниот зафат Моштичка река до собирната шахта од главниот водоводен систем, во должина од 890 метри – проект со кој значително ќе биде подобрен квалитетот на водата за пиење во нашата општина.
Средствата во износ од 6.618.734,46 денари за целосна реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица, со рок на изведба од четири месеци.
Обезбедувањето на чиста, здрава и квалитетна вода за секое домаќинство останува врвен приоритет во нашето работење и основна заложба во развојните политики на локалната самоуправа. Продолжуваме посветено да инвестираме во инфраструктура која носи конкретни придобивки за сите граѓани на Општина Македонска Каменица.