32.8 C
Skopje
Monday, July 28, 2025

Проект од милијарда евра за ЕНЕРГЕТСКИ СУВЕРЕНИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на Казанџи Холдинг АС, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра кој има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата.

-Со потпишувањето на овој Меморандум со „Казанџи груп“, отвораме простор за реализција на значаен стратешки проект вреден со една милијарда евра. Инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергерскиот систем на државата, изјави Мицкоски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.

Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

– Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата, потенцираше Мицкоски.

Претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемил, истакна дека ова е резултат на повеќегодишни подготовки и дека проектот ќе биде развиен со висок професионализам, со цел Македонија да стане стратешки енергетски центар на Балканот.

Со реализацијата на проектот се очекува отворање на нови работни места, поддршка за индустријата и намалување на зависноста од увоз на енергенси.

Во обраќењето премиерот Мицкоски додаде:

„Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата.

Со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.

Оваа соработка е резултат на одговорен пристап, јасна визија и стабилно владеење. Сакам да упатам благодарност до „Казанџи Груп“ за довербата што ја покажаа кон нашата држава и институциите. Македонија нуди услови за сериозни и долгорочни инвестиции, и денешниот настан е доказ за тоа.

Како Влада, остануваме фокусирани на енергетските политики, не како ад-хок мерки, туку како дел од долгорочен и доследен план. Нашата цел е јасна, да ја изградиме државата како стабилен и самостоен енергетски субјект во регионот.

Во вакви моменти, кога се поставуваат основи за системски промени, важно е да се потсетиме дека ова не е крајната цел, туку почеток на процес што ќе го следиме внимателно, одговорно и домаќински. Ќе продолжиме да инвестираме во енергетиката, но и во секој друг сектор што значи подобар живот за граѓаните.

Ова е уште еден конкретен чекор напред. Со работа, со стабилност и со партнерства, ги отвораме можностите што ги заслужуваме. Вака ги градиме темелите на промените. Чесно, одговорно и посветено во секое поле и област“.

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

поврзани објави

     

Последни објави