Денеска, заедно со градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski и министерот за спорт, Борко Ристовски присуствувавме на свечено отворање на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.
Базенот во општина Кисела Вода е еден од петте базени кои беа почнати од страна на поранешната Агенција за млади и спорт во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20%.
По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од 6 месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото.
Остануваме Влада којашто ќе биде насочена кон реализација на проекти, реформи и влада којашто гледа во иднината.