28.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Мицкоски во увид на рехабилитацијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“: Вложуваме во иднината на младите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Во изјавата пред медиумите, премиерот го истакна значењето на проектот:

„Ова е многу значаен проект, не само за овој студентски дом, туку генерално за сите. Долго време беше заглавен во лавиринти, во процедури – конечно е одглавен. Навистина голем напор од страна на министерството и мислам дека сето она за кое што зборуваше министерката ќе се случи.“

Тој додаде дека Владата останува посветена на подобрување на животниот стандард на студентите, вложувајќи во модерни, енергетски ефикасни и достоинствени услови за живеење и учење.

поврзани објави

         

Последни објави